Дерек Чисора пак побара реванш од Кубрат Пулев

Derek Cisora

Британскиот боксер во тешка категорија, Дерек Чисора, најави дека ќе се врати на рингот во септември, а „Дел бој“ откри дека би сакал да добие шанса за реванш од европскиот шампион Кубрат Пулев.

Токму против Чисора Пулев ја освои европската титула во тешка категорија, победувајќи успех на поени во мај.

Во септември Чисора ќе боксира против Дражан Јањанин во борба од десет рунди во Стокхолм, а Британецот истакна дека веќе размислува и за подалечна перспектива, велејќи дека има желба за нова средба со Пулев.

„Така е во борбата. Ако изгубиш, треба да се издигнеш одново и да се вратиш. Изгубив спорен меч со Пулев, но се уште сум во добра позиција. Сакам реванш, но ајде да видиме, дали ќе ми биде овозможен. И онака ме очекуваат големи борби, а јас сум подготвен да се борам со секого“.

Од друга страна, Кубрат Пулев се уште се очекува да разбере дали ќе добие можност по втор пат да с ебори за титулата во тешка категорија, овој пат против Британецот Ентони Џошуа. Тој е еден од можните следни противници на Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON