Дерек Чисора го брани Тајсон Фјури: Нема смисла да испиеш само две пива и да си одиш дома

Пред една недела на социјалните мрежи се прошири видео од пијанството на Фјури. На снимката се гледаат двајца чувари како го придружуваат пијаниот Тајсон од кафуле во неговиот дом во Моркам.

Во првиот дел од видеото се гледа како го носат до излезната врата, додека во останатиот дел паѓа на колена, се обидува да стане, а потоа ја удира главата во земја.

Многу луѓе застанаа во одбрана на поранешниот шампион на ВБЦ, кој во првите денови по поразот на апсолутниот светски првак против Александар Усик тешко му падна.

Еден од нив е Дерек Чисора кој смета дека на Фјури му треба време да се вразуми, а сега треба да остане сам.

„Па, не е толку страшно. Нека живее. Нека излезе да пие“, рече Дерек Чисора и продолжи:

„Нема смисла само да излеземе, да испиеме две пива и да се вратиме дома. Тајсон пие на ирски начин додека не е на сите четири, а потоа си оди дома“.

Реваншот меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури е закажан за 21 декември во Саудиска Арабија. Попатно, Чисора беше запрашан кој е фаворит на тој реванш.

„И на вториот меч Александар ќе биде подобар. Ќе видите“, подвлече британскиот тешкаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON