Дерек Чисора доби две години условна казна

derek-cisora-so-kale-zauerland

Британскиот бокс борд за контрола го казни Дерек Чисора со 2 години условно заради испадите за време на прес-конференцијата пред мечот со Дилиен Вајт.

Чисора ја фрли масата накај противникот, откако претходно беше испровоциран. Британскиот одбор итно се собра, бидејќи имаше можност средбата да биде откажана. Сепак, средбата ќе се одржи. Чисора доби условна казна, што значи за следен сличен инцидент ќе ја загуби лиценцата без објаснување. Покрај тоа, Британецот треба да плати 25.000 фунти парична казна и уште 5.000 фунти за трошоци.

slika-od-tepacakata-cisora

Мечот требаше да е за британската титула во тешка категорија, но Бордот одлучи таа да не биде на линија. Така Вајт и Чисора ќе се сретнат само за меѓународната титула на ВБЦ и за претендентското место за светскиот појас на ВБЦ.

„Жал ми е за некои работи, но понекогаш се случува така што кога ќе се најадат две лица во една соба, може да се случат такви работи. Ова ќе биде голем меч и за него и за мене. На мерењето нема да бидеме заедно во една соба, ќе се мериме одделно, па ќе видиме што ќе се случи. Немам трпение да дојде средбата, имам повеќе сила од него“, рече Чисора.

Промотор на Вајт, Еди Херн, пак, беше задоволен од тоа што мечот не пропадна.

„Мислам дека Бордот беше прилично строг и изрече казна. Сослушувањето траеше три часа и се радувам што мечот останува, бидејќи навивачите сакаат да го видат. Казната на Чисора е предупредување за него и за сите други боксери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО