По повеќе од две години отсуство од октагонот, поранешниот шампион во полутешка категорија Лиото Мачида се враќа против Дерек Брансон, но сега во средна категорија.
Тие ќе се сретнат на УФЦ Фајт најт 119 на 28 октомври во Сао Паоло, Бразил.
Завчера се сретнаа за прв пат пред нивната битка.
Face off between Machida & I here in São Paulo, Brazil. Fireworks coming 💥💥👊 #UFC pic.twitter.com/GVmNIhB8Bp
— Derek Brunson (@DerekBrunson) August 29, 2017
Мачида имаше позитивен допинг тест и беше суспендиран 18 месеци од настапите. Претходно имаше два последователни порази од Лук Рокхолд и Јоел Ромеро.
Брансон неодамна ја прекина серијата од два последователни порази, нокаутирајќи го Даниел Кели на УФЦ Фајт најт 111 во јуни.
УФЦ Фајт најт 119 ќе вклучи уште еден интересен меч во полутешка категорија – Гловер Тешеира – Миша Циркунов.