Дерек Барнсон сака Адесања да си ги „проголта зборовите“

Дерек Брaнсон сака реванш со Израел Адесања толку многу што е подготвен да се соочи со него на противничка територија.

Брансон (23-7) ја доби петтата последователна борба откако го загуби мечот против Адесања во 2018 година. Викендов што измина, тој доминираше и го задуши Дарен Тил во Лас Вегас.

По сите овие победи тој толку многу сака реванш со Адесања што е подготвен да замине во Нов Зеланд и да се бори пред неговата публика.

„Многу сакам реванш, затоа што знам дека можам да го добијам“, рече Брансон и додаде: „Можам да ги шокирам и изненадам сите. Јас сум добар да одам во нечиј двор и да ги замолчам сите. Ова е совршено сценарио – да се борам против Израел на негова територија, да се реванширам ​​за мојот пораз и да ја преземам титулата. Тоа ќе биде одлично“.

По победата минатиот викенд, Адесања рече дека го смета Брансон за слаб.

Брансон сака да покаже дека е многу поразличен од нивната прва средба.

„Сакам да го натерам да ги проголта зборовите. Сакам да му дадам прекар што ќе остане засекогаш со него. Ова може да биде еден од најголемите натпревари во средната категорија. Подготвен сум за овој меч. Има огромен потенцијал.

Сакам повторно да се борам со Израел. Нашата претходна средба ми остави многу горчлив вкус во устата. Тоа не беше добар настап од моја страна. Израел собра многу сила – сакам да го спречам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО