Тој е заинтересиран и за меч против Ентони Џошуа, но во моментов не е реално бидејќи наскоро се бори со Френклин.
Откако Френсис Нгану го напушти УФЦ бара противник за неговиот долго посакуван професионален боксерски меч. Тајсон Фјури беше еден од неговите фаворити и меч на кој најмногу се надеваше, но сега е во преговори за многу поголем меч. Секако, станува збор за обединување на титулите во тешка категорија против Aлександaр Усик.
Не долго после сето тоа се појави Дионтеј Вајлдер и понуди да преговара за две борби против Нгану; едната во бокс, а другата во ММА. Френсис го прифати и нагласи дека сега го интересира само боксот, а вчера и самиот Вајлдер потврди дека се во сериозни преговори:
„Водиме сериозни разговори. Се обидуваме да организираме две борби, едната веројатно овде (САД), а другата во Африка. Но, сите борци се потенцијални можност. Не сакам никого да отпишувам, разговараме со сите. Со сите борци, но особено со оние од самиот врв. Само сакам сите да знаат дека преговарам и разговарам со сите“, изјави Вајлдер за Фајтхаб ТВ.
„За жал, деловната страна на боксот е таква. Честопати сè е бавно, но штом ќе започне, оди многу добро. Моментално сум во процес на ставање во ред. Локации, датуми и противници, сето тоа треба некако да се организира. Сето ова бара време, но ниту еден борец не е безбеден“, додаде тој.
Во истото интервју тој изјави дека секако дека е заинтересиран и за меч против Џошуа, но бидејќи веќе договорил меч против Џермејн Френклин засега ништо нема да се случи. Исто така, Вајлдер откри дека ќе настапи некаде меѓу петтиот и дванаесеттиот месец, а против кого и кога точно ќе биде, времето ќе покаже.