Денови на Бушидо во Скопје

На 29 февруари ќе се одржи Денови на Бушидо во Скопје во организација на во организација на Такешидо каиго – Шуготенши Каратедо-Бушидо школа.

„Ова е прв настан од ваков формат, но не и последен. За прв пат историски, барем за нашиов регион, ќе се обединат и претстават сите Бушидо (Будо) школи на едно место кон пошироката јавност преку презентации, предавања и дружба“, вели идејниот творец на ова бушидо дружење сенсеи Иванчо Горјанин.
Тој вели дека настанот има за цел да ги урне стереотипите и да постави една нова подлога на практукувањето на вештините и јапонската култура во целост преку овој бран на учители и инструктори кои се потполност се посветени на практикувањето на својата вештина.

„Бушидо е кодекс кој не обединува сите нас, будоките“, истакнува Горјанин.
Настанот е од отворен тип и за инструктори и за посетители и е бесплатен, но е потребна претходна резервација. Истата може да се направи преку порака на ФБ или на моб. 078/290-778 или директно во Јамамори – Центарот за ментална хигиена и изворни вештини.

Како што вели инструкторот, интерес пројавиле повеќе мајстори од регионот, при што ќе се потпише отворената повелба за обеднието вежбање на сите вештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON