Светскиот шампион во полутешка категорија, Денис Лебедев, ќе стави две титули во залог против Мурат Гасиев.
Двајцата Руси ќе се сретнат на 3 декември во Москва.
37-годишниот шампион има 29 победи (22 со нокаут) и 2 порази. Предизвикувачот се уште нема пораз во професионалната кариера. Тој има 23 победи (17 со нокаут).
Победникот од овој меч ќе го има за ривал Бејбут Шуменов.