Денес се одржува Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2022“

Денес во Скопје ќе се одржи Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2022“ во организација на Дан кју и Македонската џиу џицу федерација.

Натпреварите ќе се одржат населабта „Илинден“ во спортската сала „Гоце Делчев”.

Се очекуваат околу 250 борци од повеќе држави, а до овој момент пријавени се екипи од Словенија, Германија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина – Р. Српска, Турција, Македонија.

Во склоп на турнирот ќе се одржи Јадранската џиу џицу лига на која учество ќе земат 8 екипи – по една од Словенија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, две од Србија и две од Р. Српска (БиХ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON