Денес му беше роденден на легендата на кикбоксот и еден од најголемите хрватски и југословенски борци, Бранко Цикатиќ.
„Хрватскиот тигар“ го запиша своето име со златни букви во историјата на светскиот кик бокс, со што стана првиот шампион во тешка категорија К-1 во 1993 година.
Роден е на 3 октомври 1954 година во Сплит, Југославија.
Цикатиќ е трикратен европски аматерски шампион во ВАКО, и двапати светски и европски шампион во мај тај меѓу професионалците.
Пред 26 години го освои првото издание на Светското ГП на К-1. Во Токио, со нокауит во финалето го победи Ернесто Хуст. Така, засекогаш остана во историјата како прв добитник на наградата во тешка категорија, меѓу најатрактивните борци во тоа време.
Во март годинава, веста за неговата смртта и го стави светот на боречките вештини во тага.
Почит кон споменот на Бранко Цикатиќ, кој денес ќе наполнеше 66 години!