Денес на прогрмата на 53. Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје се финалните борби.
Во финалето Македонија ќе настапи Ален Рустемовски, Ружди Рустемовски и Алим Насуфи, но и Ник Николов, кој на турнирот е пријавен како претставник на Словенија, но од неодамна настапува за македонската репрезентација.
Финалето почнува во 15 часот во СЦ „Борис Трајковски“
На турнирот настапуваат 37 боксери, 30 во машка и 7 во женска конкуренција.
Финале Златен гонг:
Жени
57 кг Ребека Добош (Унгарија) – Карина Ибраимова (Казахстан)
Мажи
57 кг Башким Бајоку (Косово) – Шудаи Харада (Јапонија)
57 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Луар Алиу (Косово)
60 кг Ружди Рустемовски (Македонија) – Аксел Хегарти (Велс)
63,5 кг Ник Николов (Македонија) – Димтрос Николау (Грција)
67 кг Алим Насуфи (Македонија) – Кирил Глобенко (Полска)
71 кг Доминик Енекеш (Унгарија) – Оказава Севорнец (Јапонија)
75 кг ОрландоХолви-Сотоми (Велс) – Вилијам Чолов (Бугарија)
80 кг Стелијан Страхилов (Бугарија) – Редис Карај (Албанија)
92 кг Марко Крмљак (Хрватска) – Донат Сила (Косово)
+92 Петар Белберов (Бугарија) – Шпетим Шабани (Косово)
+92 Ардијан Аземи (Македонија) – Јордан Хернандез (Бугарија)