Ден Хукер ја скрши раката на мечот против Тарнер: Само гребнатинка!

На настанот УФЦ 290 во Лас Вегас австралискиот борец Ден Хукер ја извојува третата победа во последните пет меча, втора по ред.

Во септември 2021 година беше подобар од Насрат Хакпараст, по што следеа порази од Ислам Махачев и Арнолд Ален.

Во ноември минатата година го победи Клаудио Пуелес, а сега со поделена одлука славеше против Џалин Тарнер.

Новозеланѓанецот беше аутсајдер на тој меч, без разлика што Тарнер загуби од Матеуш Гамрот во март.

Интересно, и американскиот борец на тој меч беше поразен со поделена одлука на судиите.

Хукер и Тарнер направија голема пресметка во која беа упатени удари од двете страни, а Ден се повреди при судирот.

По натпреварот Џо Роган го праша Хукер дали му е скршена раката, а тој одговори:

„Само една гребнатинка“!

Новозеландскиот борец по бробата бил прегледан, а на рендген-снимката се гледа дека ја скршил десната рака.

Во главната борба Александар Волкановски со прекин во третата рунда го совлада Јаир Родригез и по петти пат ја одбрани титулата, додека Брендон Морено го загуби појасот во мечот против Александар Пантоја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON