Ислам Махачев за прв пат ја одбрани титулата во лесна категорија минатиот викенд на настанот УФЦ 284 во Перт.
Дагестанскиот борец во одличен меч со едногласна одлука на судиите го совлада шампионот во перо категорија Александар Волкановски.
Тоа беше 12-та победа во низа за Махачев со која се најде на првото место на рангирањето на ‘П4П’.
Десет сантиметри повисокиот Ислам делуваше поголем од Алекс, но тоа не го спречи Австралиецот со македонско потекло да му пружи голема борба на Махачев за 25 минути.
Дагестанецот за прв пат во кариерата се бореше пет рунди, за што е потребен огромен физички напор, за тоа очигледно беше свесен и пред мечот.
Имено, борецот на УФЦ Ден Хукер го обвини Махачев за изневерување. Новозеланѓанецот истакнува дека Ислам ги прекршил правилата во врска со рехидратацијата по слабеењето.
Dumb cunt thinks he can fly to Australia hire a nurse to give him an I.V and we won’t find out. Cheating dog.
— Dan Hangman Hooker (@danthehangman) February 13, 2023
„Глупакот мисли дека може да дојде во Австралија и да изнајми медицинска сестра да му даде инфузија. А ние нема да дознаеме за тоа. Куче што лаже“, напиша Ден Хукер во порака на Твитер.
Во УФЦ употребата на инфузии за закрепнување по губење на тежината е забранета.
Борците за кои е докажано дека користеле инфузија може да добијат суспензија до две години.
Хукер ја повика Американската антидопинг агенција (УСАДА) да спроведе истрага.
Islam is a cheat. https://t.co/bIdk13C26P
— Dan Hangman Hooker (@danthehangman) February 13, 2023