Растечка азиска промоција за борби ОНЕ Чемпионшип го одржа првиот настан во САД. Настанот се одржа во Брумфилд (Колорадо).
Хрватскиот борец Роберто Солдиќ загуби со прекин во втората рунда од Швеѓанецот Зебастијан Кадестам.
А во главната борба Деметриус Џонсон го победи Адријано Мораеш во третото соочување и го одбрани шампионскиот појас во мува категорија.
По мечот Деметриус ги праша присутните дали се уште сакаат да го гледаат, а тие скандираа потврдно.
„Прво треба да разговарам со сопругата, а потоа ќе ви кажам што решив“, изјави Деметриус Џонсон.
Во октагонот се појави поранешниот шампион Каират Ахметов, кој на овој настан го совлада Рис Мекларен и со тоа стигна до шестата победа во низа. Казахстанецот би можел да биде следниот противник на Мајти Маус.
Резултати од ОНЕ Фајт најт 10:
ММА, Деметриус Џонсон – Адријано Мораеш – едногласна одлука на судиите
Мај тај, Родтанг Џитмуангнон – Едгар Табарез – КО (лакт), Р2 (1:34)
Граплинг, Мајки Мусумеци (в) – Осама Алмарваи – завршница (гушење од позади), Р1 (8:03)
ММА, Стемп Фаертекс – Алисе Андерсон – КО (удар во тело), Р2 (2:27)
ММА, Зебастијан Кадестам – Роберто Солдиќ – ТКО (тупаници), Р2 (0:45)
ММА, Сејџ Норткат – Ахмед Мујтаба – завршница (кука на петица), Р1 (0:39)
ММА, Аунг Ла Нсанг – Фан Ронг – завршница (гуши со гилотина), Р2 (0:48)
Граплинг, Тај Руотоло – Раиниер де Ридер – едногласна одлука на судиите
Мај тај, Џеки Бунтан – Диандра Мартин – ТКО (удар), Р1 (2:34)
Воведни борби:
ММА, Каират Ахметов – Рис Мекларен – едногласна одлука
ММА, Ок Рае Јун – Ловен Тинанес – едногласна одлука.