Деметриус Џонсон го освои ОНЕ Гранд при (ВИДЕО)

Демитриус Џонсон (30-3-1) е победник на Гран прито на ОНЕ првенството и е нов шампион во мува категорија.

Поранешниот шампион на УФЦ во финалето на турнирот во Токио со едногласна одлука го совлада Филипинецот Дани Кинад (13-2).

33-годишниот Американец на патот до финалето ги елиминираше Јују Вакамацу и Тацумицу Ваду.

Сингапурецот Кристијан Ли (13-3) на почетокот не беше ниту дел од Гран-прито, на крајот го освои турнирот.

Првакот во лесна категорија во финалето го замени повредениот Еди Алварез и со едногласна одлука го совлада Русинот Сајгид Арсланалиев (8-2).

Во главната борба на првиот голем ОНЕ настан во Јапонија, Ангела Ли (10-2) ги преживеа тешките моменти, но успеа да се реваншира на кинеската противничка Jинган Ксионг (14-2) и да го одбрани појасот во атом категорија. Откако губеше борбата на нозе, Ли ја фрли противничката со суплекс и потоа на 12 секунди пред крајот на петата рунда со страично задушување дојде со победа.

Поранешниот предизвикувач на УФЦ за титула во средна категорија Јушин Оками (36-14) ја прекина серијата од три порази и со поделена одлука ја совлада Агилан Тани (10-4) од Малезија.

https://www.youtube.com/watch?v=RmlT9E_paQw
https://www.youtube.com/watch?v=NWqhg-T4AtY
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON