Деметриус Џонсон е бесен на УФЦ, бара да му испорачаат 8 појаси

Деметриус Џонсон без сомнение е еден од најпотценуваните шампиони во историјата на УФЦ. Кралот на перо категорија беше на чело на истата уште од самиот почеток, но не успева да се наметне како една од топ ѕвездите на организацијата.

Утре Мајти маус ќе се сретне со Вилсон Рајс, за да се обиде да го изедначи рекордот на Андерсон Силва по број последователни одбрани титулата – 10.

Ако тоа не му  ја залепи етикетата „суперѕвезда“, тогаш прашањето е што би можело да го направи тоа?

„На крајот сите се зборуваат за тоа дека рекордот е на Андерсон Силва, но јас не го бркам него, туку бројот 10“, рече Џонсон. „Секако 11 е крајната цел и ќе биде многу слатко, ако го стигнам“.

Иако Џонсон ја брка 10-тата последователна одбрана на титулата, 30-годишниот борец има само 1 шампионски појас, кој може да го нарече свој. Додека многу од шампионите добиваат по еден појас при секоја одбрана, Се уште Џонсон има само еден кој го заработи по мечот со Џозеф Бенавидез во 2012 година.

„Бесен сум поради тоа“, изјави Џонсон.

„Видов дека Даниел Кормиер има три шампионски појаси, па Дана Вајт, ВМЕ-ИМГ или кој е таму одговорен за тоа – дајте ми осум појаси, молам, а потоа и уште еден, ако го освојам овој. Ќе си ги закчам дома . Ќе си ги колекционирам. Мајкл Биспинг има два појаси, а јас сум добар човек, и служам на компанијата – доаѓам и се борам, а тие ми ја земаат титулата, јас го прифаќам – јавете ми се, кога ви се потребни. и толку. Но, сега гледам овие момци со неколку појаси и почнувам да мислам – имам само еден појас, кој треба да го делат двете деца“.

Сметките се такви што УФЦ, всушност, треба да испратат на адресата на Џонсон уште осум шампионски појаси. И да се точни?

„Флојд Мејведер има една слика во која позира со сите свои шампионски титули, а мислам и дека Андре Ворд има таква. Би било одлично ако можам да ја направам истата слика, но за ММА“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON