Белатор 177: Дантас подобар од Иго, Вајхел од Тешеира (ВИДЕО)

ММА настанот Белатор 177 синоќа се одржа во Будимпешта, Унгарија. Главната борба на вечерта беше меѓу Едуардо Дантас и Ленардо Иго.

Дантас го победи сонародникот без особени потешкотии со судиска одлука.

Должината на опсегот на Дантас му ја отежна борбата на Иго кој претежно се потпираше на борба со раце, но прими повеќе болни ножни удари. На Иго му преостана само да го иритира противникот и да се обиде да му влезе под кожата, но тоа не му успеа.

Белатор 177:

Едуардо Дантас го победи Ленардо Иго со судиски одлука (30-27, 28-29, 30-27)

Даниел Вајхел го победи Џон Тешеира со судиски одлука (29-28, 28-29, 29-28)

Лена Овчјникова ја победи Хелен Харпер со ТКО 5:00 Р2

Адам Борикс го попбеди Ентони Тејлор со клуч (давење од позади) 4:12 Р1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО