Претседателот на Карате федерацијата на Македонија (КФМ), Драган Стојановски, ги демантира наводите во телкстот „Ламбе Иловски: Откажувањето на вицешампионите на Балканот е на душа на претседателот Драган Стојановски, не можев да ги запрам солзите“, обајавен на ден 18.08.2017 година во Ipon.mk.
„Укажувам дека текстот изобилува со невистинити факти и понижувачки мислења, кои очигледно исклучиво се дадени со намера за и имаат цел мое омаловажување и се дадени со намера да и наштетат на мојата чест и углед“, истакнува во демантот Стојановски.
Тој истакнува дека во текстот се изнесуваат наводи на лицето Ламбе Илоски, со кои е наведено дека изнесеното во текстот било пример и го цитира: „Како со една бирократска одлука се откажуваат надежните каратисти од овој спорт“, посочувајќи на неколку репрезентативци носители на дисциплината ката во машка конкуренција од КК Металург и конкретно на неговиот син, Никола Илоски, кои од моја страна биле наводно, „омаловажени“ (цитат) со тоа што не биле избрани за учество во Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, што се одржа од 12 – 15 ноември 2009 година во Рабат, Мароко, и покрај тоа што мислењето на тогашниот селектор за кати, Мирче Опеловски, наводно било позитивно“.
Стојановски наведува, однонсо цитира уште еден дел од текстот: „Претседателот, кој тогаш и сега се меша во секоја ситуација, беше со спротивно мислење, но неиздржано и неаргументирано“.
„Ги убедувавле децата да се помират со одлуката која е донесена за нивно не учество, да се помират со ставот на КФМ, но се било, бидејќи тимот се распуштил, а целата макотрпна работа била упропастена и одела на душа на Драган Стојановски. Нивниот квалитет остана неизмерен поради една бирократска и диригирана одлука, која едногласно се изгласала од страна на Извршниот одбор“, наведува во демантот Стојановски уште еден дел од текстот.
„Омразата и желбата за освета на Драган Стојановски продолжи. Сега можам да заклучам дека немаше лична омраза од страна на судиите, но имаше директива која мораше да се исполни, а ја даваше „гробарот“ на македонското карате, претседателот на КФМ. Противниците кои директно ги финансира претседателот Драган Стојановски, мораше да бидат фаворизирани и заштитени од неуспех. Драган Стојановски, и тогаш имаше и сега дури уште повеќе има комплетна контрола на судиската организација, бидејќи како што вика и самиот, тој ги направил европските и светските македонски судии. Никола гледајќи ги ови случувања, иако имаше добри резултати на Премиер лигите и на Европското универзитетско првенство во 2013 година, кога освои бронзен медал. Се натпреваруваше и 2014 година, кога стана светски универзитетски вицепрвак на Светското првенство одржано во Бар Претседателот, и покрај упорноста која ја покажа Никола, ама баш никогаш не му даде макар и минимална или морална подршка. На крај дури побара да го вратиме татамит кои ни беше дадено за тренирање во клубот, за да купи други послушници“, уште еден навод од посчениот текст.
„Наведените работи претставуваат целосно невистинити факти и понижувачки мислења кои очигледно исклучиво се дадени со намера за и имаат цел мое омаловажување и очигледно се дадени со намера да и наштетат на мојата чест и углед, на што укажува и фактот што се работи за настани од 2009 година, кои се изнесуваат во јавноста по цели осум години“, нагласува претседателот на КФМ, Драган Стојановски!
Стојановски е категоричен.
„Совесно и одговорно тврдам дека ниту јас лично, ниту како претседател на Федерацијата, во ниту еден момент не сум имал негативно мислење, ниту намера за омаловажување или дисквалификација на лицата наведени во текстот за нивно учество во Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, што се одржа од 12 – 15 ноември 2009 година во Рабат, Мароко, и дека на било кој начин не сум влијаел, ниту, пак, сум имал можност да влијаам врз одлуката на Извршниот одбор на Федерацијата за избор на репрезентативците за учество на ова првенство. Одлуката за избор е донесена едногласно од страна на Извршниот одбор, на седница свикана и одржана во согласност со Статутот на Карате федерацијата на Македонија, на која седница беше прифатено мислењето на тогашниот селектор за кати Мирче Опеловски, а на која беше присутен и самиот Ламбе Иловски, како дел од лицата задолжени за одредени сегменти“, вели Стојановски и додава дека за неговото совесно и одговорно работење, како претседател на Карате федерацијата на Македонија, говори и фактот што Федерацијата на два пати, во 2012 и 2016 година, е избрана за најдобра спортска федерација во државата, од страна на Агенцијата за млади и спорт.
„Воедно, зачудува и тоа што Вашата веб страната еднострано го пренесува текстот на Ламбе Иловски, за жал, без воопшто да направи обид да побара и да добие одговор, односно мислење и од моја страна на изнесените невистинити факти, што претставува крајно неоправдано и еднострано пренесување на нечиј став и мислење од страна на Вашата редакција, во кое мислење се изнесуваат целосни невистини и омаловажувачки тврдења за мене, најпрво како личност, потоа како долгогодишен претседател на Карате федерацијата на Македонија, со што се влијае и на угледот и на самата федерација“, смета Стојановски.
Ipon.mk/В.Д.