Синоќа Анте Делија убедливо стигна до нов триумф во ПФЛ со кој избори финале на турнирот во тешка категорија.
Хрватскиот борец во конасловната борба на настанот во Кардиф, со прекин го совлада Бразилецот Ренан Фереира на половина минута пред крајот на првата рунда.
Тоа беше негова 22-та победа во кариерата и трета оваа сезона. Во финалето на 25 ноември Делија ќе се бори со уште еден бразилски борец Матеус Шефел, кого сезонава веќе еднаш го победи, за награда од еден милион долари.
Во аголот на Делија, освен Стипе Дрвиш, повторно беше присутен и неговиот ментор по боречки вештини Мирко Филиповиќ.
Одличниот финиш на Анте, а и како Кро Кап и Стипе Дрвиш ја прославија победата со Делија, погледнете ТУКА.