Дел од македонските кикбоксери заминаа на подготовки од 22-31август на Власинско езеро во Србија.
По враќањето кеикбоксерите ќа настапат на Балканското првенство што се одржува во Скопје 3-5 септември е во салата на СЦ „Борис Трајковски“.
На подготовките ќе учествуваат натпреварувачи од повеќе земји: Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Молдавија, Египет.
„Овие подготовки добро ќе им дојдат на нашите натпреварувачи за подобро да се подготват за Балканското ВАКО првенство за 10 дена. Натпреварувачите кои отпатуваа на припремите се само дел од натпреварувачите кои ќе настапуваат за нашата земја“, вели претседателот на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.