Дејвисон Фигередо го задуши Бенавидес и стана шампион (ВИДЕО)

Дејвисон Фигередо по втор пат годинава влезе во кафезот со Џозеф Бенавидес во главната борна на УФЦ Фајт најт 172 во Абу Даби, а Фигередо славеше со задушување, со што ја освои слободната титула во мува категорија.

Претходно оваа година, Фигередо ја добии прва нокаут-борба, но не успеа на мерењето, поради што и не стана шампион.

Овој пат работите беа поинакви. Првично двајцата разменија ножни удари. Бенавидес удира, а Фигередо со контра удар го руши. на пратерот Бразилецот се обиде да го задуши противникот, но Џозеф преживеа. Станаа и почнаа да разменуваат удари во стоечка позиција. Ова не беше добро за Бенавидес, бидејќи Бразилецот повторно го руши. Бенавидес успеа веднаш да застане веднаш и размената продолжи.

Нов десен удар од Фигередо и Џозеф е соборен по трет пат во битката. Бразилецот притисна силно со удари во партер и успеа да му го фати грбот на Бенавидес. Дејвисон примене зафат за предавање, а Бенавидес се онесвести и ја заврши борбата, која траеше 4 минути и 48 секунди.

Со оваа победа Бразилецот стана шампион во мува категоријата мува. Фигередо влезе во серија од 4 последователни победи и ја зголеми статистиката на 19 победи и само 1 пораз. Бенавидес за прв пат во кариерата влегува во серија од 2 последователни порази. Тој ја загуби битката за титулата по 4-ти пат и неговиот скор е 28 победи и 7 порази.

https://www.instagram.com/p/CCzpROSH2IX/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON