Поранешниот светски шампион во две категории, Британецот Дејвид Хеј (35 г.) денес го коментираше мечот меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури, кој викендов ќе се одржи во Дизелдорф, Германија.
„Оној кој ќе го победи Кличко мора да биде навистина посебен. Лично, не гледам ништо посебно и уникатно во Тајсон Фјури. Мислам дека уште долго време нема да се појави таков човек“, рече Хеј во интервју за Скај спортс.
Треба да потсетиме дека Хеј ќе се појави на рингот на 16 јануари во Лондон, Велика Британија, каде што ќе се сретне со Австралиецот Марк де Мори (33 г.).