Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Дејвид Хеј, направи одлично враќање на рингот по три и пол години пауза. Тој го нокаутира во првата рунда Марк де Мори и веднаш почна да ги планира следните предизвици.
„Обожавателите, како и јас, сакаме меч против Ентони Џошуа. Се надевам и тој разбира дека треба да се бориме против оној, кого сакаат навивачите. Имав неколку британски дерби мечеви. Отсекогаш сум ги почитувате желбите на гледачите. Ова ќе биде ризичен натпревар за него, бидејќи има само 15 средби зад себе. Мислам дека мојата брзина и моќ ќе ја надвладеат неговата младост, сила и големина“, рече Хеј.
Хеј предвидува дека повторно ќе излезе на рингот во март.
https://youtu.be/NZ8ihA1phTY