Таборот на рускиот боксер Давид Аванесјан испрати официјална жалба до Спортската комисија на Небраска.
Аванесјан се жали на дефект во ракавиците на Теренс Крафорд за време на нивната борба. Во шестата рунда од борбата Крафорд излезе со искинати ракавици, но судијата дозволи борбата да продолжи. Во таа рунда Крафорд го нокаутира Русинот и ја одбрани титулата на ВБО во полусредна категорија.
„Имам сериозна загриженост за прашањето што претходеше на суспензијата, конкретно поврзано со очигледен дефект во ракавиците на Теренс Крафорд.
Кога стана јасно дека има дефект, постоеја сите причини да се земе одмор“, го цитира БоксингСцене менаџерот на Аванесјан, Нил Марш.
Ракавиците на Крафорд навистина пукаа по шевовите во петтата рунда. Судискиот совет го испита оштетувањето на ракавиците и заклучи дека борбата може да продолжи. Аванесјан верува дека се обиделе да го убијат и сугерира дека Крафорд имал тежина во ракавиците.