Нема сомнеж дека Конор Мек Грегор е еден од милениците на Дана Вајт. Шефот на УФЦ никогаш не ја криел својата наклонетост кон Ирецот, но има една работа во Конор што не ја сака Вајт. Работата е во тоа што ирската ѕвезда секогаш доцни.
Колку и да некому му изгледа неправедно, УФЦ на некој начин му должи многу на Мек Грегор. Да не беше Мек Грегор и неговите борби, Ултимејт фајтинг шампионатот веројатно немаше да биде толку популарна лига како што е сега.
Конор сега се подготвува за камбек, кој ќе се случи ова лето во Лас Вегас. Противник ќе му биде Мајкл Чендлер. Неодамна Вајт зборуваше за својот миленик и изјави дека би бил совршен доколку не доцни:
„Мек Грегор е апсолутно неверојатен во сè. Погледнете како се носи себеси, како може да продава борби, колку е важен борец, но не само тоа, тој има и слабост што може да ве иритира. Па што е таа слабост? Конор доцни насекаде. Редовно има проблеми да стигне некаде на време. Да не беше тоа, може да се каже дека е апсолутно совршено“, изјави Вајт.
View this post on Instagram