Дејна Вајт истакнува дека судијата не требало да го прекине мечот меѓу Павлович и Луис

Сергеј Павлович во тешкашката пресметка на УФЦ 277 во Далас го победи Дерик Луис со прекин за 55 секунди.

Американецот се налути, бидејќи смета дека судијата прерано ја прекинал борбата, а со него се согласуваат многумина.

Имено, Луис е познат како борец кој може брзо да се опорави кога ќе добие удар, но и порано се предаваше повеќе пати.

Павлович силно го удри Луис неколку пати и тој падна на подот со лицето надолу.

Во тој момент судијата Ден Мираљота ја прекина борбата, а Луис стана, не изгледајќи потресен.

Но, факт е дека недоволно се бранеше, што го поттикна судијата да означи крај на натпреварот.

„Судијата прерано ја прекина пресметката. Но, начинот на кој што падна Луис, девет од десет луѓе во оваа просторија веројатно ќе го прекинеа мечот. Јас би го направил истото. Мираљота е одличен судија, но мислам избрза“, изјави Дејна Вајт и додаде.

„Луис беше стресен, но не повеќе од Џулијана, која три-четири пати доби силен удар во текот на натпреварот. А таа се бореше пет рунди. Мираљота направи грешка и тоа се случува. Тој пораз нема да му наштети на Дерик Луис, но сакав борбата да продолжеше“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON