Дана Вајт: Го „позлативме“ Френсис Нгану, но тој не одби!

Заврши приказната на Нгану со УФЦ.

Шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија што „Предаторот“ го држеше речиси две години сега е слободен. Борбата за титулата на Нгану официјално треба да се одржи во март во Лас Вегас. Во оваа борба силите ќе ги одмерат Џон Џонс и Сирил Гане.

Дана Вајт изјави дека навистина сакале да го задржат Френсис, но тој одбил. УФЦ му понуди невидени пари, што ќе го направеше најплатен во историјата на категоријата, но камерунската ѕвезда избра да си замине.

„Преговараме со Нгану повеќе од две години. На Френсис му понудивме договор што би го направил најплатениот тешкаш во историјата на УФЦ.

Ќе заработеше повеќе од Брок Леснар, повеќе од кој било друг, но го одби договорот. Френсис сега сака да преземе помалку ризик и да заработува повеќе“, изјави Вајт за медиумите.

Тоа мора да беше неверојатно дарежлива понуда според стандардите на Дана. Потсетуваме, Брок Леснар е во топ 5 во историјата на УФЦ по хонорари, а според некои проценки, неговите примања се на второ место по Конор Мек Грегор.

За последната борба во организацијата Леснар доби 2,5 милиони долари хонорар, а исто така имаше право на процент од продадените гледања (ППГ). Френсис долго време изјавуваше дека им завидува на приходите на професионалните боксери.

Навистина, боксерските ѕвезди како Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер заработуваат значително повеќе од шампионите на УФЦ. Сега Предаторот ќе може да го исполни својот сон и конечно да дебитира во боксерскиот ринг. Но, ова може да испадне како голема грешка, бидејќи Нгану се уште не е професионален боксер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON