Дејли меил: Мејведер ќе земе 300 милиони долари за дебито во УФЦ

Англискиот таблоид Дејли меил објави дека Флојд Мејведер ќе добие околу 300 милиони долари за неговиот дебитантски натпревар во ММА. Ова ќе се случи ако легендарниот боксер потпише договор со УФЦ.

https://twitter.com/8goody3/status/983460149930221568?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D718693

Во последните неколку дена Американецот постојано сугерираше дека нема намера да се врати во својот омилен спорт, но ќе се обиде да го одработи ММА дуелот. Британското издание не дава детали за тоа од каде дошол до информациите, ниту кој ќе биде потенцијалниот противник на Мејведер. Флојд уште еднаш го привлече вниманието откако синоќа беше застрелан неговиот телохранител.

https://twitter.com/_THE112/status/983424062235045889?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D718693

Еден од телохранителите на Мејведер беше ранет во ногата, но веќе е пуштен од болница на домошно лекување. Се очекува боксерот да биде сослушан од полицијата. Тој сè уште не дал изјава за случајот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON