Дејан Стефаноски во сабота (1 октомври) настапува на ММА настанот на СММАЦ 4 (SMMAC 4) „Тејковер“ во Базел, Швајцарија, против Французинот Максимилијан Шлатер, во полутешка категорија -93 кг.
За петок се закажани мерењето и прес-конференцијата, борбите се во сабота, а Стефановски настпува во осмата борба по фајт-картата.
„За прв пат настапувам над мојата категорија, однонсо за 16 килограми повеќе. Подготвен сум и очекувам победа. За борбава се подготвува два ипол месеци. Во сабота Максимилијан го чека пекол“, вели Дејан Стефаноски.
Тој се заблагодарувам на целиот тим со кој се подготвуваше: тренерот Раде Стефановски, тренерот по БЏЏ Златко Петровски, како и спаринг партнерите Дејан Трајковски, Славче Тренковски, Боби Триманов, Илија Андов, Мирза Сендиќ, Хајрудин Сендиќ и Игор Лазарески.
Ipon.mk