Како што дознава Ipon.mk, Дејан Стефаноски на 1 јуни ќе настапи на престижниот М1 Челинџ настан во Русија. Ова е негов настап во досега најсилна светска ММА организација во која настапувале многу големи имиња.
Стефаноски на 1 јуни во Санк Петербург на М1 Челинџ 79 ќе се сретне со рускиот борец Данила Приказа (5-1-1)во категоријата до77 килограми. Русинот има 22 години.
Да потсетиме дека изминатиот викенд Стефаноски настапи на Гладијаторс најтс 11 во Дубровник и забележа победа против Јован Јанковиќ со давење во првата рунда.
Главна борба на овој настан е онаа меѓу Александер Шлеменко (55-9) и Брендон Хелси (9-2).
Постои можност овој настан да го следи и претседателот на Русија, Владимир Путин, кој е голем поборник на боречките вештини и мајстор во неколку од нив, пред се во џудото, но и поради тоа што ова се случува во неговиот роден град.
Ipon.mk/В.Д.