„Очекувам победа на Викторија Варадинова на мечот со Наџа Милјанчевиќ која е искусен борец. Верувам дека Викторија ќе извојува победа, бидејќи напорно работеше со месеци наназад во овој коронавирусен период, кога ништо нормално не функционира во нашава земја, но и во светот“, вели тренерот на Варадинова и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски – Урко за професионалниот меч на кик бокс спектаклот на 5 декември во Нови Сад, Србија.
Викторија ќе настапи на „Купот на нациите“ и ќе се бори со светската првенка Наџа Милјанчевиќ во К1.
„Клубовите се распаѓаат, натпреварувачите се откажуваат од тренинзи, рекреативците се плашат да доаѓаат на тренинзи. Со други зборови, умира спортот“, посочува Митровски во која ситуација се наоѓаат клубовите и натпреварувачите поради пандемијата на коронавирусот.
Урко за Вардинова вели дека е одговорен и дисциплиниран спортист, член на Кик бокс клубот Шампион, каде што сите натпреварувачи ја одржуваат својата кондиција со кондициони тренинзи во природа но, и во Магнус центарот за фитнес и боречки спортови, при што се применуваат сите мерки за заштита од Ковид-19 вирусот, согласно напатствијата на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести. Викторија се оградила од сите други активности и овој период на корона пандемијата се посвети на тренинзите со цел да се подготви за наредната сезона во годината што следи.
„Понудата за овој меч ја добивме пред точно еден месец и ја прифативме, бидејќи се појави како парачана и ќе биде мерило за да ги видиме резултатите од изминатиот период. За борбава што следи Викторија мораше да симне неколку килограми, но добро се носи со тоа и очекувам одлична борба со победа“, истакнува Митровски.
„За оваа борба се подготвува скоро еден месец. Со мојот тренер Дејан Митровски-Урко направивме тактика како да донесеме победа за нашата држава. Бидејќи оваа борба ќе ми биде втора борба со мојата противничка, добро познавајќи ја каков борец е, т.е. фајтер, и сака чиста и отворена борба. Се подготвив и очекувам добар резултат, бидејќи тој стил на борба ми одговара. Иако сум исцрпена поради намалувањето на килажата за да влезам во нејзината категорија и да и се реванширам за поразот на Светското првенство. Сепак, се чувствувам подготвена и доволно мотивирана да ја претставам нашата држава во најдобро светло. Исто така се надевам дека после долгомесечната пауза поради коронакризата ова ќе биде добар старт за низа победи и за предизвициве во иднина што следат“, изјави Варадинова.
Резултати и титули на Варадинова:
-Државен првак 6 години (2014-2020) во (к1, лоу кик, кик лајт, ММА и мај тај)
-Повеќе од 70 први места на меѓународно ниво во К1, лоу кик и кик лајт.
-5 пати – 1 место на Европски куп во к1.
-2 место на Европски куп
-2 место на Светски куп
-2 пати – 2 место на Балканско првенство во лоукик и киклајт.
-3 место на Европско првенство во лоу кик.
-3 место на Светско првенство во К1.
– Професионални борби 1
Вкупно борби:120 – 90 победи и 30 порази
Резултати на Наџа:
-Повеќекратен државен првак на Србија
– 2 пати – Балкански јуниорски шампион
– 2 пати – Европски јуниорски шампион
– 2 пати – Светски јуниорски шампион
Борбена карта:
Алекса Гуша – Андрија Јанковиќ (-67 кг)
Александар Милошевиќ – Никола Совиљ (-71 кг)
Наѓа Милијанчевиќ – Викторија Варадинова (-58 кг)
Никола Миjковиќ – Јован Радовановиќ (-88 кг)
Јован Николиќ – Алмин Хоџиќ (-73 кг)
Љубо Јалови – Милош Бајовиќ (-81 кг)
Ipon.mk