Дејан Митровски – Урко: Верувам дека Бобан Илиоски ќе извојува победа, никогаш не бил вака подготвен! Цел ни е светската титула!

Бобан Илиоски на 23 февруари во Варна, Бугарија, се бори за европската титула на ВАКО-ПРО во К-1 против бугарскиот кикбоксер Јордан Јанков. Фактички ова е за прв пат некој наш кикбоксер да се бори за професионалната европска кик бокс титула.

Како се подготвува нашиот шампион и што се подготвува на тактичи план, како и за исходот на мечот разговарвме со неговиот тренер и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски – Урко, кој заедно со Драган Аатанасовски ќе бидат во аголот на Бобан во Варна.

„Во овој период акцент ставивме и најмногу се работеше на кондиционата подготовка и офанзивна техника“, вели Митровски и додаде:

„Бобан е првиот Македонец кој се бори во ВАКО ПРО. Тоа, и за него и за нас, е потврда на квалитетот како борец што го има оставено на натпреварите во очите на ВАКО, а тоа придонесе да му биде понудено да се бори за појасот европски шампион на ВАКО ПРО“.

Бобан ќе биде првиот наш кикбоксер што ќе се бори за ВАКО-ПРО европската титула. Какво значење ќе има таа борба за македонскиот кик бокс, Митровски истакнува:

„Да појасниме дека Боби овие две години има постигнато значителни резултати на сите турнири и оваа понуда не е незаслужена. Самата покана да наш борец од Македонија, во случајов Бобан Илиоски да учествува на ВАКО ПРО првенство во борба за појас европски првак кажува дека нашите успеси не ги вреднуваат само во нашата земја, туку ги пратат и од ВАКО. Така, Бобан со оваа борба влегува во професионалните води на ВАКО во ВАКО ПРО, каде што конкуренцијата и квалитетот на борците е огромен, во споредба со останатите турнири“.

Од друга страна, се наметнува и прашањето во која насока ќе тргне кикбоксот со евентуалното освојувањео на оваа титула од Бобан, а и што ќе значи тоа за него  и дали се подготвува за настап на нешто поголемо Митровски е категоричен:

„Со оваа борба македонскиот кикбокс со Бобан Илиоски запливува во професионалните води на кикбоксот под ВАКО ПРО. Која е најконкурентна организација за професионални борби. За учество се потребни предходни резултати на ВАКО првенствата, за да се исполнат условите за добивање на понуда, како за оваа борба. По оваа борба на Бобан ќе следат уште борби, како на ВАКО, така и на ВАКО ПРО првенствата за задржување на титулата, доколку ја освои. Одиме, и цел ни е светската титула. Во план е наредната борба под ВАКО ПРО да биде на наш терен во Македонија. Но, засега, да се фокусираме и да извојуваме победа на 23-ти во Варна, па за понатамошните планови ќе се размислува потоа. Верувам дека Бобан ќе извојува победа бидејќи никогаш не бил вака подготвен со јасна цел и желба за победа, а таа желба му фалеше во минатото, додека борбите ги сфаќаше како да е на тренинг и ги работеше без посебни подготовки. Овој пат Боби даде се од себе и професионално пристапи на тренингот, занемарувајќи се останато што не е поврзано со спортот. За првпат знае што сака, и убеден сум дека оваа година во кикбокс спортот ќе биде година на Боби на светско ниво. Ќе ја оправда досегашната поддшка од Агенцијата за млади и спорт, Олимпискиот комитет и сите поддржувачи од нашата земја – Република Македонија“.

БОБАН ИЛИОСКИ
–Од 2013 година е непоразен константен државен шампион во дисциплините К-1 и мај-тај;
–Освојувач на голем број европски и светски првенства под ВАКО организацијата;
–Бронзен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство 2014 година – Римини;
–Сребрен медал на Европското јуниорско ВАКО првенство 2015 година – Сан Себастијан, Шпанија;
–Сребрен медал Б-класа на Светското ИФМА мај-тај првенство 2018 г одина – Канкун, Мексико и
–Бронзен медал на Европското сениорско ВАКО првенство во 2018 година – Словачка.

ЈОРДАН ЈАНКОВ
–Двократен светски вицешампион на ВАКО во дисциплината К-1 2011 – 2013 година;
–Носител на бронзен медал од Европското првенство во дисциплината К-1 – 2014 година;
–Балкански шампион на ВАКО – Про во К-1 – 2012 година.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON