Дејан Митровски – Урко: Повеќе медали на првенствата на ВАКО и ИФМА и учество на Европските игри 2023 година

Претседателот Дејан Митровски – Урко по реизборот за претседател на Кик бокс маитаи федерацијат ана Македонија им се заблагодари на членовите на КМФМ за повторно укажаната доверба.

„И овој пат се кандидирав за претседател на КМФМ, пред се, затоа што сметам дека работата која што ја започнав е успешна и се уште не е завршена и дека можам да дадам уште и подобри резултати.

Самите сме сведоци на тоа каде и какви бевме порано, каде и какви сме сега! Но, секако можеме уште, можеме повеќе и можеме подобро!

Зад мене стојат големи спортски достигнувања, прво како натреварувач и репрезентативец на оваа федерација, подоцна како тренер, член на управен одбор, селектор, претседател и, секако, како еден од основачите на Кик бокс федерацијата. Моето спортско досие е доказ за мојата долгогодишна успешна и напорна спортска работа и залагање.

Сметам дека, иако сме дел од еден поединечен спорт, ние сме тим и понатаму треба да работиме тимски во интерес на спортот, натпреварувачите, младината и секако татковината.

Ви благодарам и спортски ве поздравувам“, изјави Митровски по изборот.

Дополнително како план за идни активности во новиот мандат претседателот Митровски истакна дека: ќе се залага за уште поголеми достигнувања на европските и светски ВАКО и ИФМА првенства, помногубројна репрезентација и повеќе медали, учество на Европските олимписки игри 2023 година.

Акцент ќе се стави на едукација на судии, подготовки и заеднички клупски тренинзи за натпреварувачи, со цел јакнење и подобрување на комуникацијата и искуството на натпреварувачите и тренерите.

„И, секако, цел ни е да привлечеме повеќе компании – спонзори и да им докажеме дека како спорт сме успешни спортски амбасадори и дека сме атрактивен спорт за компаниски финансиски поттикнувања“, нагласи Митровски!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО