Дејан Митровски – Урко: Мите Ашкилов со пукната аркада се избори за победа, останатите како некој малер да ги биеше (ФОТО)

За синоќешниот двомеч меѓу Србија и Македонија на настанот „Србија против Светот“ во Сурдулица селекторот Дејан Митровски – Урко вели дека не е задоволен од настапот на нашите репрезентативци кои имаа биланс 1-4 со српските кикбоксери.

„Јас не сум задоволен од сето она што се случуваше во Сурдулица. Честитки за Мите Ашкилов кој и со пукната аркада се избори како што треба до крај и победи. Останатите, како да ги биеше некој малер, се испоповредија и не го прикажаа тоа што го занат“, категоричен е Митровски.

Тој истакнува дека Мите во првата рунда му пукнала аркадата, но продолжил и победил.

 

„Исто така и на Бобан во првата рунда му ја пукнаа аркадата и продолжи, но изгуби на поени. И двајцата по борбите беа однесени во болница и зашиени со по три конци. Дејан изгуби во првата рунда со прекин се здоби со напукнуто или набиено ребро и не можеше да продолжи. Златко изгуби после три броења. Пепи се истепа машки, беше подобар но имаше едно броење во првата рунда, па изгуби на поени“, вели Митровски.

К-1:
Воведни борби
-73 кг Урош Живковиќ го победи Петре Велков со судиска одлука
-79 кг Стефан Пауновиќ поразен од Мите Ашкилов со судика одлука

Главни борби
-71 кг Новак Радуловиќ го победи Златко Стоименов со прекин (ТКО, Р1)
-75 кг Никола Тодоровиќ го победи Дејан Ристевски со прекин (му го повредија реброто)
-81 кг Александар Менковиќ го победи Бобан Илиоски со судиска одлука

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО