Дејан Митровски: „Карловац опен“ е показател за подготвеноста на нашите кикбоксери, а ова е добар почеток (ФОТО)

Македонските кикбосекри на Европскиот куп „Карловац опен 2020“ се изборија за четири финалиња и една бронза на првиот натпреварувачки ден, тоа е многу добар успех за стартот на сезоната.

„Овој Европски куп во Карловац секоја година ни е како контрола. Стартуваме со подготвеноста на нашите борци во новата сезона, бидејки овој турнир секогаш ни е прв во годината и по него следат сите други првенства, купови, европски и светски, како и нашите државни првенства. На овој турнир може да видиме до каде се и колку се подготевни нашите борци на самиот старт на годината. На овој турнир секогаш доаѓаат многу борци од различни земји со нивните клубови и има добри борби, така што може да ги воочиме слабостите на нашите натпреварувачи и да работиме на нивно отстранување, за да бидат подготвени за првенствата што следат во оваа година“, вели селекторот на репрезентацијата и претседател на Кик бокс маитаи федерцаијата на Македонија Дејан Митровски – Урко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON