АктуелноДомашна сценаКик бокс

Дејан Митровски: Илиоски се повреди на подготовките, но не се откажа од одбраната на титулата! Целта ни е договор со Глори

Селекторот и тренер на светскиот шампион Бобан Илиоски, Дејан Митровски-Урко вели дека тој се повредил на подготовките, но, сепак, по никоја цена не се откажал од одбраната на титулата.

„Се контролориаше во борбата и вешто ја прикриваше повредата неопуштајки се во непотребен ризик“, вели Митровски и додава:

„Однапред се виде дека противникот не му беше достоен, но Бобан борбата ја водеше со штедење без посебни офанзиви за нокаут. Учеството во одбрана на титулата ни беше важно за да имаме континуитет во намерата да стигнеме следната година да добиеме договор во Глори“.

Митровски се осврана и за плановите на Илиоски.

„Сего, планот е Бобан да се заздрави од повредата и да продолжи со континуирана работа за престојните првенства кои следат“, истакна Митропвски.

Да потсетиме дека Бобан Илиоски ја одбрани светската кик бокс титула на ВАКО Про до 88,6 килограми во К1 во саботата (24 мај). Тој со прекин во втората рунда го совлада Кадри Мурсели од Франција на настанот во Женева, Швајцарија.

Илиоски титулата ја освои минатата година во Скопје кога го совлада Берк Дузенли од Турција со 2-1.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON