Дејан Митров ќе настапи на „Македонскиот бисер“, а Балканец најави бојкот и казни за учесниците (ВИДЕО)

Dejan mitrov

Дејан Митров изјави дека ќе учествува на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“ за регионалната телевизија Стар плус, како шесткратен победник, и најави атак и на седмиот трофеј.

Синоќа доцна неговиот матичен клуб БК Балканец испрати соопштение до медиумите дека Управниот одбор донел одлука да го бојкотираат „Бисерот“ и свечената Академија, поради одземањето на домаќинството на турнирот и други состојби во ФБСМ, а оние што нема да ја почитуваат оваа одлука ќе бидат казнети.

 Митров истакнал дека комплетно подготвен за настап на еден од најголемите македонски спортски настани, која оваа година слави јубилеј од 40 години, но истовремено одбележува и 55 години од постоење на македонското борење и 20 години од победата на Интернационалниот боречки куп за “Бучим Јака”.
„Подготовката заврши во најдобар ред, се надевам дека ќе бидам на победничкит пиедестал, но ќе оставиме борбите и сегашната форма да одредат на кое место ќе бидам“ , вели Дејан Митров за ТВ Стар плус.
На турнирот ќе настапат повеќе од 40 натпреварувачи од 14 земји, бројки кои што дефинитивно ќе го зголемат квалитетот на овој бисер.
„Јас лично бев кога беа доделени поканите на околу 15 репрезентации, имам информација дека пристигнаа репрезентативците на Јапонија, како и пристиганат е репрезентацијата на Белорусија“ , истакна Митровр.
Почетокот на турнирот е закажан за сабота во 10.00 часот во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, додека финалните борби ќе бидат во попладневните и вечерните часови.
Покана за учество на овој турнир, покрај Митров добија и штипските борачи Бобан Данов и Стефан Никовски.

Оваа изјава е дадена пред одлуката на УО на Балканец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON