Се очекува Дејан Митров и Јасин Реџелари да настапат на Меѓународниот турнир „Саркасијан“ во Ереван, Ерменија, каде што ќе настапат и Халил Зубаиров, Магомедгаџи Нуров и Тимур Хамикоев.
Според потпретседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, овој настап е во договор со Могамед Ибрагимов, освојувачот на бронзениот медал од Олимписките игри 2000 година во Сиднеј, Австралија, во категоријата до 85 килограми. Потоа е предвидено да се оди на подготовки во Бугарија, или во Самоков или во Софија, се до Светското првенство во Лас Вегас, САД.
ipon.mk/В.Д.