Македонскиот карате судија Дејан Милошевски – Чобачо прорложува успешно да ја гради судиската карирера во еден од најмасовните спортови во светот. Милошевски од 21 до 24 септември беше еден од избраните 50 судии на Карате 1 Младинската лига во Мерида –Мексико, и единствен од Македонија.
На овој младински карате турнир имаше 725 натпреварувачи 725 од 40 држави.
На Карате 1 Младинската лига во Мерида главен судија беше сенсеи Гвидо Абдала од Гватемала, кој е и член на Светската судиска комисија.
„Ова беше мој последен подготвителен натпревар пред најважното натпреварување оваа година – Светското сениорско првенство во Будимпешта следниот месец. Младинската лига во Мерида беше одлично организирана, прекрасна атмосфера за работа и огромна шанса да се разменат неколку идеи и искуства со другите светски судии. На ова натпреварување ја добив и светската лиценца за акредитиран тренер со која сега ќе можам да ги водам моите ученици од Милошевски маршал артс на ваков тип на интернационални натпревари“, изјави Милошевски за Ипон.мк.
Дејан со неговиот клуб се подготвува за натпреварување во САД, каде што ќе настапи со 30-тина натпреварувачи.