Дејан Милошевски освои бронзен медал на Националното првенство на САД (ФОТО)

Дејан Милошевски – Чобачо на Националното карате првенство на САД го освои бронзениот медал во кати за натпреварувачи од 18 до 34 години.

Милошевски во првите три кола славеше со резултат 5-0, но во полуфиналето беше запрен во походот кон титулата губејќи со 1-4. Пак е на висината на задачата во борбата за бронзениот медал и победува со 5-0. Во неговата категорија во кати имаше 31 натпреварувач.

Националното првенството се одржа од 11 до 14 јули во Чикаго и учествуваа рекорден број на каратисти во последните години 2200.

Дејан се појави и во улога на судија, така што три дена судеше а еден се  натпреваруваше.

Неговиот клуб ФМА со 92 натпреварувачи освои 40 бронзени, 32 сребрени и 13 златни медали.

„Моментално сум менаџер и главен карате инструктор на ФМА – Гленвју доџо. Член сум на судиска комисија на ФМА. И на Првенството бев судија и натпреварувач на ФМА“, изјави Милошевски за Ипон.мк.

2019 Nationals Division List V3

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON