Дејан Милошевски и претставниците на конзулатот во САД договорија соработка

Нашиот истакнат карате тренер во САД, Дејан Милошевски – Чобачо, вчера во Чикаго имаше средба со нашите дипломати, при што разменија мислења за соработка и афирмација на Македонија и спортот.

„Денеска имав одлична можност да се сретнам со г-дин Петрит Муслиу, генерален конзул и г-дин Срѓан Хаџи-Николов, вицеконзул на Република Македонија во Чикаго. Ви благодарам многу за Вашата покана и за Вашето време. Имавме продуктивна дискусија за тоа како карате спортот @mmakaratedo може да создаде, подобри и проширени можности и поддршка за нашите заедници. Со нетрпение ја очекувам нашата соработка во блиска иднина. Благодарам!“, напиша Милошевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО