Дејан Милошевски – дел од светската карате судиска елита во САД

Во срцето на Флорида, во посакуваната дестинација Орландо, во тек е подготовка на еден голем меѓународен карате натпревар Орландо интернатионал опен 2023.

Пријавените натпреваруачи, судии и официјални лица доаѓаат од секој агол на светот, создавајќи интересна и разновидна комбинација на култури. Од Индија, Алжир, Дубаи, Непал, Тринидад и Тобаго, Чиле, Уругвај, Бразил, Колумбија, Венецуела, Доминиканска Република, Италија, Шри Ланка, Узбекистан, Мароко, Македонија, па сè до Јапонија. Со веќе регистрирани 400 учесници, оваа бројка на пријавени натпреварувачи е само почеток – се очекува да се зголеми како што настанот се приближува.

Организаторите се пофалија и со елитниот состав на меѓународни судии – 17 светски, 12 панамерикански и 6 национални судии. Меѓу судиите можат да се забележат повеќе звучни имиња кои се моментално едни од најдобрите во светот, како и сите членови од Судиската карате комисија на САД.  Во овој елитен тим секако е присутен и нашиот македонски светски судија Дејан Милошевски кој во изминатитот период во континуитет е присутен на повеќе натпревари и го  претставува македонското карате на најдобар начин и успева Македонија да ја вклучи во светската карате заедница.

„Луѓето од различни култури и националности ќе имаат прилика да се сретнат, запознаат и градат пријателства, сите споделувајќи ја љубовта кон каратето. Меѓународните карате настани како овој, каде што нашите најдобри каратисти и судии ја споделуваат својата култура и вештини со целиот свет, не само што ја засилуваат нашата гордост, туку и градат мостови на разбирање и пријателство помеѓу земјите.

На почетокот повеќето не знаеја каде е Македонија, но сега повеќето од моите колеги знаат каде се наоѓа, дека имаме одлично карате и сакаат да ја посетат” изјави Дејан Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON