Европскиот шампион Дејан Георгиевски денеска патува на Г-1 турнирот „Софија опен“ во Бугарија, каде што од страна на организаторот се најавени големи имиња на таеквондото.
Г-1 турнирите носат бодови за остварување на норма за Олимписките игри во Токио 2020.
Се очеклува Дејан да се сретне со Чо Махама кој моментално е втор на светската ранг листа и актуелен освојувач на сребрениот медал од Светското првенство во Кореја 2017 година.
Да потсетиме дека Георгиевски годината ја започна со бронзен медал на првиот Г-1 турнир во Истанбул, Турција, минатиот месец.
Од стручниот штаб на нашата репрезентација се надеваат на медал и од Софија опен.
Од познатите имиња ќе настапат олимпискиот шампион Ахмад Абугауш (Јордан), Лутало Мухамад (Велика Британија), Бјанка Валкден (Велика Британија) и др.
Ipon.mk/В.Д.