Дејан Георгиевски пречекан со овации, како што му доликува на европски првак (ФОТО)

Европскиот шампион во таеквондо во сениорска конкуренција, Дејан Георгиевски, синоќа во матичниот клуб ТКД Бутел беше пречекан со овации од клупските другари, раководството на клубот, родители, пријатели и љубители на овој спорт.

Во една величенствена атмосфера во ОУ „Свети Климент Охридски“ Георгиевски ги доби заслужените честитки со желбиу да нижи уште успеси и да избори норма за Олимписките игри во Токио 2018 година.

Токму со овој успех на дејан Македонија е втората репрезенатција на Европското првенство во олимписки категории, веднаш за надмоќната Русија, а пред домаќинот Бугарија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON