Со бурни аплузи вечерва беше пречекан носителот на бронзениот медал од Европското таеквондо првенство за млади сениори (У-21) во Варшава, Полска, Дејан Георгиевски во матичниот клуб Бутел.
https://www.facebook.com/darko.kostovski.543/videos/2094763973996852/
Го пречекаа клупски другари, родители и пријатели на такводното и на ТКД Бутел со долготраен аплауз, но и првите луѓе на Македонскиот олимписки комитет, претседателот Васил Тупурковски и директорот Владо Богоевски.
Во знак на почит се поклони пред македонското знаме.
„Благодариме за топлиот и скромен клупски пречек на Дејан Георгиевски и целиот национален тим, кој заеднички храбро и со цело срце го донесоа третиот медал од европските првенства за Македонија, македонското таеквондо и клубот Бутел“, напиша тренерот Дарко Костовски на својот Фејсбук профил.
Од клубот велат дека овој континуитет на врвни спортски резултати во олимпискиот спорт, континуираното и рамноправно соочување со најдобрите во светот се сериозен доказ на вистински трасираниот пат на македонското таеквондо и репрезентативците, особено за големата македонска олимписка надеж Дејан Георгиевски.
„Се поклонивме пред знамето, затоа што се бориме за негова чест! Со Господ напред продолжуваме понатаму, со нови сили, знаења и со цело срце“, истакнува Костовски!
Ipon.mk