Дејан Георгиевски повторно го развеа македонското знаме, освои злато на „Словенија опен“

Дејан Георгиевски повторно во негов стил освои златен медал во сениорска конкуренција на Меѓународниот таеквондо Г1 турнир „Словенија опен 2020“.

Георгиевски извојува три победи со прекин, односно технички нокаути. Тој славеше над противници од Словенија 23-3, Србија 30-8 и во финалето од Италија 30-3.

„Ова е вредно злато, што значи подобра стратна позиција на квалификацискиот турнир за олимписка норма на 17 април во Милано“, велат тренерите.
Тие се надеваат на голем успех во Милано и пласман на Олимписките игри во Токио.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON