Дејан Георгиевски освои златен медал во Тирана

Олимпискиот вицешампион во таеквондо, Дејан Георгиевски освои златен медал на турнирот Г1 „Албанија опен“, кој се одржуваше во албанската престолнина Тирана, викендов.

Најдобриот македонски таеквондист ја покори конкуренцијата на собирот во Тирана во својата категорија +87 килограми, а како шлаг на подвигот беше победата над Французинот Ел Омар со 2-1, во финалето. Претходно го совлада и Александар Филипов од Израел со 2-0.

Ова е уште еден успешен турнир за Георгиевски, со кој си го поплочува патот до ОИ во Париз, идната година, во намерата, најмалку, да го одбрани сребрениот медал од Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON