Дејан Георгиевски ќе се бори за финале на Олимписките игри

Во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио Дејан Георгиевски го совлада Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со 9-4 и се пласира во полуфиналето каде што ќе се бори со Кјо Дон Ин од Јужна Кореја.

Првата рунда заврши 0-0. Во втората рунда Дејан поведе 1-0, потоа противникот изедначи 1-1. Со удар во телото Георгиевски поведе 3-1. Во третата рунда Гбане намали 3-2, но веднаш Дејан зголеми на 4-2. Па Габане изедначи 4-4. 6-4 за Дејан и со казненен 7-4, па со хај кик 9-4.

Претходно Георгиевски го згази светскиот првак Рафаел Алба од Куба на Олмписките игри во Токио со 11-8 во категоријата над 87 килограми.

Нашиот таеквондист се бореше одлично. Во првата рунда поведе 5-1, втората заврши 5-2 и во третата светскиот првак се обиде да направи пресврт и ја доби со 1-5. Сепак Дејан тактицки добро се избори и не дозволи изненадување.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON