Македонија настапува со двајца претставници на Светското првенство за сениори во Баку, Азербејџан, кое почна вчера и ќе трае до 4 јуни.
За Македонија ќе настапат олимпискиот вицешампион + 87 кг Дејан Георгиевски и -62 кг Милјана Релјиќ.
Тие ќе се обдидат да изборат пласман на Олимписките игри во Париз 2024 година.
Георгиевски во моментов се седми на светската ранг-листа со 219,15 поени, на која водечки е Карлос Санорес од Мексико со 362, 71 поен. На нашиот репрезентативец му треба добар пласман за 6-то место на олимписката листа, на која првите шестмина обезбедуваат пласман ОИ. Но, потоа битни се и настапати на Гранд при Рим, Европските игри во Краков, Гранд при Париз и Манчестер. Додека Мила е 46-та, па ќе треба уште да собира поени и да оди на квалификации за Олимпијадата. Листата се затвора во декември оваа година.