Дејан Георгиевски и другарите ќе атакуваат на медали на Европското таеквондо првенство во Полска

Уште еден поход на европски медал за младите таеквондисти на Европско првенство за млади сениори (У-21) во Варшава, Полска, кое почнува утре 2018, а Иван Крстевски прв настапува од нашите репрезентативци, додека најголеми се очекувањата од европскиот сениорски првак Дејан Георгиевски.

Македонскиот национален тим предводен од претседателот на Македонската таеквондо федерација (МТФ) и селектор Борче Костовски ќе настапи во следниот состав:

Дејан Георгиевски +87 кг од ТК Бутел

Филип Додевски -80 кг од ТК Бутел

Костадин Георгиевски -74 кг од ТК Бутел

Христијан Спасовски -68 кг од ТК Академија Анастасов

Иван Крстевски -63 кг од ТК Бутел

Анамарија Георгиевска  – 62 кг од ТК Бутел

Стручниот стаб очекува медали од ова Европско првенство. Свесни се за огромната конкуренција, а речиси и да нема држава од Европа која не учествува со својот најдобар тим. Сепак, нашиот табор истакнува дека се свесни и за квалитетот на нашите борци кои го докажаа тоа со успесите во изминатиов период.

„Нормално, најголеми се очекувањата од Дејан Георгиевски, како европски шампион од 2017, но и како медалист од претходното ЕП во У-21 во Софија на кое го освои бронзениот медал. Но, тука се и балканските сениорски медалисти Филип Додевски и Костадин Георгиевски, одличните Иван и Христијан, и да не ја заборавике актуелната носителка на бронзата од Светското првенство за јуниори, Анамарија која, иако има само 17 години, ќе земе увество на ова големо натпреварување“, вели слекторот Костовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON